Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот настан во Велес „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“ обелодени податок на европската статистика ЕВРОСТАТ кој покажува дека три пати повеќе млади луѓе се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада предводена од СДСМ.
– За разлика од оваа влада која оставаше празни чевли пред зградата на Илинденска и броеше, така од ракав колку си заминале од земјава, и после кога ги зграбија фотелјите се заборавија, ќе споделам еден податок кој е официјален и го објавува еврропската статистика ЕВРОСТАТ-ако во 2012 та година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 дозволи или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и администраторот Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија, истакна Мицкоски.
Тој посочи дека наша задача е да ги вратиме овие луѓе и да им кажеме дека ќе се бориме за сите луѓе подеднакво затоа што Македонија е за сите луѓе и затоа што оваа држава мора да има иднина, бидејќи како стојат сега работите со оваа власт народот се сели заради тоа што се живее лошо и животот станува се поскап.
– Дома имаме работа со поимот стагфлација што е комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Денес секое семејство пред се го мачи тоа што бензините за две и пол години се покачени за 70 проценти, струјата е повисока за 30 проценти, цените на лебот, млекото и маслото вртоглаво растат. Можен е нов ценовен шок на енергенсите, додека државата се уште одбива да се откаже од акцизата за горива која ја зголеми. Нема никаква дополнителна набавка на стокови резерви во состојба кога целиот регион посветува внимание на оваа тема, изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи и дека владата не негира дека ќе донесе нова одлука за Евро обврзница што ќе значи нов рекорд за задолжување кое треба да го платат сите граѓани и неродените генераци, додека во исто време заради власта енергетската криза не чини се повеќе.
– Енергетската криза нѐ чинеше до сега повеќе од 200 милиони евра, висок износ на средства кој можеше да се искористат за справување со инфлацијата, за соодветен раст на пензииите и платите, од што корист ќе имаа сите граѓани. Наместо тоа плаќаме скап увоз на струја, којшто дополнително ја разгорува инфлацијата а плаќаме скап увоз на струја затоа што не произведуваме. Затоа што наместо да произведуваат во Битола и во Осломеј и во сите оние хидроцентрали тие увезуваат, а увезуваат за да делат пари, за да делат од рекетот кој го спроведуваат на грбот на народот и потоа ќе ви речат дека политиката е стабилна и владата водела сметка. Ниту владата води сметка, ниту политичката состојба е стабилна. Сам што не се урнала како кула од карти. Затоа денеска народото осиромашува а единствени кои се богатат се оние кои ги газат дебелите црвени килими на Илинденска број 2. Ќе потсетам дека денеска домашното произвдоство на електрична енергија изнесува нецели 34% од вкупните домашни потреби, додека историскиот просек е 62%, потенцираше Мицкоски.