среда, 27. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Очекувам огромна поддршка од народот за промени

Мицкоски: Очекувам огромна поддршка од народот за промени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио рече дека иако ситуацијата изгледа безнадежно доброто допрва доаѓа. Сепак според него граѓаните не треба да губат надеж, бидејќи добрите времиња допрва доаѓаат.

„Иако сега состојбата е таква каква што е, поради погрешните политики на актуелната власт, но и тоа ќе заврши. Граѓаните се чувствуваат безнадежно гледаат каква недисциплина владее во општеството во институциите, а тоа е резултат на погрешните политики на владата и хаосот што го создадоа, бидејќи кај нив нема знаење, туку само криминал и корупција“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека наскоро ќе има предвремени парламентарни избори.

„На предвремените парламентарни избори јас очекувам недвосмислена и огромна поддршка за опозицијата и коалицијата предводена о ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Мицкоски.

Најнови вести