Во Градско граѓаните ќе се изборат за правда, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбите со жителите.
-Тоа денес го видов на заедничката средба. Немојте да дозволите никој да ве уплаши, немојте да дозволите никој да ве уцени. Иако сум свесен за притисоците коишто се прават, затоа што деспотот е на колена, оној криминален дека СДСМ е на колена, рече тој.
Мицкоски посочи дека на денешниот митинг на СДСМ, тие доживејаа фијаско во Скопје.
-Готов е, и доаѓа денот затоа ни е потребно сите ние, еден до друг да застанеме, да се обединиме, сплотиме, рамо до рамо, грб до грб да си бидеме потпора еден на друг, затоа што потребно е да ја ослободиме Македонија од канџите на Зоран Заев и Пендаровски Стево, порача Мицкоски.