Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера гостуваше во отвореното студио на 1 ТВ каде поентираше неколку работи поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, власта, идните планови на партијата, како и бегството на Груевски.
Во продолжение прочитајте ги најважните поенти од гостувањето на Мицкоски:
Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вчерашно гостување во отвореното студио на ТВ 1 тој истакна дека опозицијата созрева, извлекува поука од грешките во минатото и нема да ги повтори. Тој посочи дека гласачите процениле дека има нешто погрешно во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и решиле тоа да го казнат, но сега опозицијата е спремна да понуди решение за реалните проблеми на граѓаните на Македонија.
-Многу пати сум кажал, еве ќе го повторам и во вашата емисија. Граѓаните на Република Македонија имале сигурно добра причина, зошто гласале против ВМРО-ДПМНЕ , најпрвин на предвремените парламентарни избори во 2016-та година иако ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на пратеници и гласови, но и на локалните избори во 2017-та година. Кога им дадоа доверба малтене акламативна на градоначалниците на СДСМ. Сигурно имале добра причина. Сигурно нешто процениле дека нешто не е добро во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и одлучиле да го казнат и ние тоа го почитуваме. Од тоа извлековме поука, пораснавме и ВМРО-ДПМНЕ денеска е зрела да понуди решение за реалните проблеми на граѓаните во оваа држава. Ние никогаш нема да си дозволиме повторно ќе ви кажам дека воздухот во Скопје и ширум Македонија е загаден зошто постои режим или ваква власт каква што имаме сега. Само да се смени режимот или оваа власт ние ќе донесеме алпски воздух. Тоа нема да го направиме, затоа што тоа не може да се случи. Но дека имаме методологија и начин како да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Да имаме, рече Мицкоски.
Мицкоски: Институциите знаат каде се движам, многу прецизно знаат и за Груевски, треба да кажат зошто не преземале ништо
Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе во период кој што ќе следи ќе биде сведок јавноста, а што е поврзано со нашите внатре партиски случувања и дебати итн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето на Александар Чомовски што ќе стори ВМРО-ДПМНЕ со почесниот претседател Никола Груевски, во рамки на интервјуто на 1ТВ.
– Но она што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зошто надлежните институции во оваа држава кој што можам да кажам барем од лично сведочење е дека многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше тоа сме го коментирале во минатото осуден на затворска казна од две години, посочи Мицкоски.
Мицкоски: Ако критикуваме за минатото, а сега одобруваме време кое е 10 пати полошо, не сме постигнале ништо, треба да се расчисти со криминалците
Во интервјуто Мицкоски во врска со таканареченото „Кацарска судството“ вели дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди.
Тој притоа посочува дека пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава.
-Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и 10 пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество. Критикувајќи го минатото а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ притоа пак повтори дека не треба да се навраќаме постојано во минатото туку треба да се фокусираме на сегашноста за да можеме да се работи на иднината.
Мицкоски: Не можам да ветам чуда и лаги како Заев, но можам да ветам дека со сета енергија ќе работам за подобар живот
Сакам да ја видам Македонија со вистински европски вредности, со вистински реформирано судство, Македонија која ќе биде просперитетна, Македонија која ќе нуди можности за сите и тоа можам да го остварам. Имаме прецизна методологија како тоа да го направиме, истакна Мицкоски во интервјуто на 1ТВ.
-Не можам вас да ви ветам дека режимот е виновен затоа што имаме загадено Скопје и дека само да се промени режимот од тре ќе дојде чист, свеж алпски воздух. Тоа е невозможно. Но, можам да ви ветам методологија која во период од Х години ќе го направи воздухот помалку загаден за 30 проценти. Не можам да ви ветам 500 километри автопати, затоа што не е возможно, но можам да ветам дека ќе направиме 500 километри патишта низ Македонија, ќе ги реконструираме и реновираме бидејќи имам методологија и знам како тоа да го направам со моите соработници, вели Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека зборува за мерки кои ќе значат подобар живот на граѓаните.
-Реформирано судство, вистинска борба против криминалот, реформирано здравство, реформирнао образование. Зборувам за држава која ќе нуди можности за сите граѓани, не зборувам за нешто кое ќе биде погрешно, објасни Мицкоски.
Мицкоски: Да не живееме во минатото, тоа нема да донесе 500 евра плата, почист воздух, тоа треба да го направи оваа влада
Можеме да зборуваме за ланскиот снег колку сакаме, но тоа нема да ни донесе 500 евра плата, тоа нема да ни донесе реформи во „Кацарска судството“. Тоа нема да ја придвижи Македонија напред. Тоа нема да обезбеди повисоки пензии, почист воздух, посочи Мицкоски, при самото гостување на интервју на 1ТВ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ децидно објасни дека тој сака да ја види Македонија со вистински европски вредности, со вистинско реформирано судство. Македонија која што ќе биде просперитетна, која што ќе нуди можности за сите и тоа тој може да го оствари.