сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Крушево: На оваа генерација и падна честа да ја крене Македонија од пепелта која ќе ја наследиме и ќе ни ја остави Зоран Заев

Мицкоски од Крушево: На оваа генерација и падна честа да ја крене Македонија од пепелта која ќе ја наследиме и ќе ни ја остави Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се обрати пред граѓаните во Крушево.

Тој истакна дека професорката Гордана Силјановска Давкова победува на 21 Април и на 5 Мај.

-Пристискаа, се закануваат, уценуваат, злоупотребуваа денеска гледам ги вклучија и медиумите и главните уредници на медиумите, оние скапо платените медиуми на СДСМ, лиферуваат анкети, ама не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 Април, каде најголемата коалиција на Република Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета, рече Мицкоски.

-Дојде време за политичка пензија господине Заев, но ние ви ветуваме дека таа политичка пензија нема да ви биде спокојна, бидејќи за сиот криминал што го сторивте изминативе две години за сета неправда, за сите понижувања и омаловажувања ќе одговарате пред законите од првиот па до последниот, па ќе имате време и за потпевнување и за себехрабрење и за бодрење, затоашто доаѓа правдата и правдата ќе ја победи неправдата во Македонија. А неправда има многу, не само во оваа кампања туку и пред кампањата, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски од Крушево зборуваше за сите неисполнети ветувања, нереализирани очекувања, сите оние лаги, сиот оној криминал којшто се насобрал во овие две години во Република Македонија, а основен генератор е тој кој ветуваше дека ќе ја донесе правдата, мирот и живот во Македонија. Но, наместо живот пекол донесоа во Македонија.

-На оваа генерација повторно и падна честа да ја крене Македонија од пепелта која што ќе ја наследиме и ќе ни ја остави Зоран Заев и СДСМ . Затоа треба да се бориме за да победиме за на крај да можеме Македонија да ја креваме од пепел, затоашто се плашам дека ќе немаме втора шанса, затоашто ако оваа шанса не ја искористиме, ако оваа шанса не победи се плашам дека ќе нема следна можност. Јасно е дека тука во Крушево ќе победи Македонија, и јасно е дека гласот којшто сакав да го донесам, пред мене стигнал во Крушево, дека ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, мораме да победиме затоашто и веднаш потоа после поразот на 5 мај ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори за да можеме назад на народот да ја вратиме државата, посочи Мицкоски

Мицскоски пред граѓаните во Крушево зборуваше за сета неправда во Македонија, и ги посочи:

-неправда е она секојдневие коешто го живеат граѓаните. Mе среќаваат луѓе насекаде и ми велат ветуваа поголеми пензии кога беа опозиција, а денеска што направија и тие скромни и мали пензии коишто ги имаме и тие ни ги намалија, тоа е неправда

-неправда е кога ќе ветуваат дека ќе имаме загарантиран откуп за земјоделите, дека ќе има зголемени субвенции, дека ќе има поддршка за земјоделците. Неправда е кога ги гледаме оние луѓе во Ресен како ги сечеа дрвата кои род требаа да родат

-неправда е кога се полни амбарите во Кочани, оризот нема кој да го откупи , неправда е кога во Малешевијата и Пијанец луѓето го истураат родот во коритата на реките затоашто нема кој да го откупи тој род

-непрвда е кога оние во Росоман праските ги истураат покрај патот, а им ветуваа на луѓето само за пуста власт и пусти пари дека кога ќе дошле на власт, веднаш целиот откуп ќе почнел да тече и немало да има неоткупен земјдоелски прозивод

-неправда е кога ни ветуваа дека ќе има работа за сите и ќе отвараат работни места. Од опозиција ветуваа дека имаат јасен план за живот за Макодонија, а денеска е пекол во реалниот живот и ако не си седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработиш и ќе најдеш работно место

-непрвда е кога ветуваа дека ќе ги реновираат болниците и ќе отварат нови, дека ќе дадат 100.000 просечна плата за докторите, а денеска кога се власт никаде ги нема тие 100.000 декари, па затоа ќе ги затвараат болниците или истите ќе ги приватизирале

-неправда е кога на студентите ќе им ветувате реновирани студенски домови , поквалитетно образование, реновирани училишта, а денеска ги гледаме студентите како во 19 век под свеќа ги подгвотвуваат испитите и бога молат побрзо да завршат со студирањето за да ја напуштата Македонија. Јас ќе ви пренесеа 5 од 10 од моите дипломци одлучуваат да ја напуштат Македонија затоашто не гледаат перспектива и иднина во Македонија

Мицкоски упати прашање до кога господата од СДСМ ќе се срамуваат да пеат „ Денес над Македонија се раѓа“и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

-Денеска е годишнина од насилството на Смилковско езеро, од смртта на тие дечиња. Се сеќавате кога беше опозиционер на безсрамен начин даваше изјави дека луѓето коишто се осудени дека тоа го направиле тоа злосторство не се тие, дека биле други. Денеска ќе го потсетиме и на таа лага. Што направи кога дојде на местото коешто е сега. Веднаш ги ослободи тие луѓе и тие луѓе избегаа од Македонија.Таа неправда продолжи со Мартин Нешковски, со Мартин Јанушев со малиот Саздо, каде се сторителите, луѓето кои ги одзмеаа тие човеки животи. Тие луѓе денска шетаа слободно затоа што се блиски до деспотот Заев, посочи Мицкоски.

Мицкоски од Крушево порача дека овој народ е како пиреј и еден да остане нема да му го заборави ова и нема да помине неказнет .

-Ајде заедно да ја градиме новата иднина, ајде заедно да се бориме сонот за Македонија да стане јаве. Ајде да ја донесеме правдата во Македонија. Ајде да победиме во нашата битка за нашиот сон да стане јаве затоашто не победуваат ниту побројни, ниту помоќни, туку мотивирани храбри како вас и подговени цврсто решени да победат . Да ставиме крај на ова зло што денеска надвиснало над Македонија, додаде Мицкоски.

Најнови вести