петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од средбата со Валсман и Браун: ВМРО-ДПМНЕ има голем број кандидати кои поминале низ обуките и семинарите на Конрад Аденауер

Мицкоски од средбата со Валсман и Браун: ВМРО-ДПМНЕ има голем број кандидати кои поминале низ обуките и семинарите на Конрад Аденауер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски денес оствари средба со пратеничката во Европскиот парламент Марион Валсман, која е дел од пратеничката група на Европската народна партија, претставник на германската ЦДУ и директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.

На средбата се зборуваше за актуелната политичка ситуација во државата и претстојните избори. И од двете страни беше посочени дека се потребни фер и демократски избори, и дека власта е таа која треба да овозможи услови за истите.

Марион Валсман и Даниел Браун посакаа голем успех на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и советници на претстојните избори.

ВМРО-ДПМНЕ како градоначалници и советници има луѓе кои поминале низ бројни обуки на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата и во странство. Сите тие ќе ги применат стекнатите знаења и во идното управување со општините, но и ќе ги искористат своите контакти стекнати во период на тие обуки за подобрување на животот во нивните места.

Меѓу другото стана збор и за ситуацијата со КОВИД кризата, но и последната случка со несреќата во Тетово, по што од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека власта мора да биде поодговорна и дека е потребно внимание и посветеност за обезбедување поголема сигурност на граѓаните. Исто времено беше посочена потребата од одговорност од прво повиканите Филипче и Хасани.

Претседателот Мицкоски посочи и дека Македонија треба да остане силно посветена кон патот кон ЕУ, а за тоа силна поддршка добиваме токму од ЕПП.

Најнови вести