среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски од Тиквешки гроздобер: Посакувам ваквите настани да траат многу години, одлична организација од страна на општината

Мицкоски од Тиквешки гроздобер: Посакувам ваквите настани да траат многу години, одлична организација од страна на општината

Најпрвин сакам да изразам задоволство за овој преубав настан, овдека овие денови организиран во Кавадарци, поради причината која што сите сме овдека собрани, а тоа е Тиквшекиот гроздобер и карневалот кој што еве како што може да слушнам од претставниците на светската организација после подолго време повторно се одржува, после две години пауза поради короната, нели, повторно се одржува и јас посакувам и тој да биде успешен, нека се забавуваат гостите, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Знам дека изминативе денови луѓето се забавуваа, десетици илјади наши сограѓани но и останати гости од соседството кое што се придружија на овој преубав настан се забавуваа. Мислам дека беше прекрасно, очекувам и денеска да биде така и да посакам уште многу многу вакви успешни настани кои што ги организира општина Кавадарци и градоначалникот тука и нормално уште многу години повторно да се среќаваме и да си го честитаме овој ден, додаде Мицкоски.

Најнови вести