петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за болката која што им ја нанесе со начинот на кој што го води процесот со нашиот источен сосед

Мицкоски: Османи да им се извини на Македонците за болката која што им ја нанесе со начинот на кој што го води процесот со нашиот источен сосед

Министерот за надворешни работи треба да води сметка дека тој ја добива својата месечна плата и овој би рекол луксузен живот кој што го води е од граѓаните во Македонија. И треба да ги штити интересите на граѓаните во Македонија, не да ги штити интересите на граѓаните во случајот на соседна Бугарија. И мислам дека треба малку поодговорно да се однесува кон чувствата на граѓаните на Македонија, тука пред се мислам на чувствата на Македонците, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Прилеп.

Мицкоски додаде дека министерот Османи треба да се извини на неговите сограѓани Македонци, за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со источниот сосед.

„И мислам дека ваквите изјави не само што не одат во прилог на релаксирање на и онака поларизираната состојба, а поларизирана е поради однесувањето на Владата и потпишувањето на оние егзибионистички калкулантски договори со кои што ние како Македонци губиме сѐ, а бугарската држава добива сѐ тоа што го бара. И затоа мислам дека во периодот кој што следи единственото нешто кое што на нему му преостанува е пред се да се извини на неговите сограѓани Македонци, за болката која што им ја нанесе со неговото министерување и со начинот на кој што го води овој процес со нашиот источен сосед. И да даде поддршка на Македонците од таа страна на границата, во насока на тоа да тие културно се организираат и да можат да ги остваруваат своите права“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот посочи дека Османи не треба да биде против Македонците во Бугарија како тоа што го прави во своите изјави, туку треба да им даде поддршка да се културно организираат и да можат да ги остваруваат своите права.

Најнови вести