среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

Мицкоски оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жени Марија Митева оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Претседателот Мицкоски ја истакна неговата загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации во кои преовладува укажување за постоење на високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција, информираат од партијата.

Воедно, Претседателот Мицкоски ја истакна потребата која ја има Македонија што поскоро да ги отпочне преговорите со ЕУ, заблагодарувајќи се на големата поддршка која Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцираше и дека независно од пристапниот процес недостасуваат вистински чекори по патот на реформите.

Најнови вести