вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски оствари средба со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД

Мицкоски оствари средба со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД

Имав средба во Брисел со потпретседателката на владејачката белгиска партија ВЛД и доскорешна долгогодишна министерка за економија, трговија и иновации на Белгија, Patricia Ceysens. Особено внимание во разговорот посветивме на размена на искуства за локален економски развој, во пресрет на локалните избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Секоја соработка е значајна, особено што ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди најсодржајна и иновативна програма која ќе го содржи сеопштиот развој на населените места, со фокус на претприемништвото, поддршка на иновациите, инфраструктурна преродба како и поддршка на компаниите, домашни и странски, кои ќе отворат нови работни места.

Ќе се бориме за секое работно место. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката од белгиските пријатели“ – порача тој.

Најнови вести