Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари телефонски разговор со Претседателот на Европската народна партија и поранешен претседател на Европскиот Совет Доналд Туск.
-Разговаравме за здравствената и политичка состојба на државата и регионот. Во пријателскиот разговор ја споделив мојата огрoмна загриженост од експлозијата на корона пандемијата и огромната прогресија на вирусот кој директно го загрозува здравјето на нашите граѓани. Ја истакнав мојата оценка дека Владата и Комисијата за заразни болести која работи под политички диктат во овие сложени услови нема никаква стратегија и план за излез од кризата што не доведува во ситуација да се превземаат ад хок мерки без оддржлив ефект. Во разговорот постигнавме заемна согласност дека најпрво е потребно владата и останатите одговорни субјекти заеднички да ја победиме короната, па дури потоа да се спроведат кредибилни и слободни избори кои ќе ја одразат волјата на граѓаните, бидејќи се друго дополнително би ја акцелерирало заразата со нови жртви и истото би било неодговорно спрема граѓаните, откри Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека разговарале и за соработката во рамките на Европската народна партија како најголема политичка сила во рамките на Европската Унија при што ја истакнал важноста за напредок на европските аспирации на Република Македонија.
-Се договоривме да ја продолжиме заемната комуникација и да се следи состојбата во наредниот период со економската и здравствената криза, истакна тој.