Ја користам оваа прилика најпрвин да ги честитам Новогодишните но и Божиќните празници на православните христијани, да посакам здравје и среќа за семејствата на нашите сограѓани без разлика на нивната верска припадност.
Оваа година да ни биде поуспешна, оваа година да биде година на обединување, година кога како што кажа и во честитката од македонската православна црква кога доброто ќе го победи злото, година кога ќе се радуваме наместо да тагуваме, година во која што очекувам да биде победничка како што тоа го кажа и би рекол поглаварот на македонската православна црква. Година кога ќе почнеме повторно да се почитуваме едни со други, година во која што ќе излеземе од сите оние проблеми кои што ни се случуваа изминатата 2020, тука пред се мислам на пандемијата и ефектите од пандемијата врз сите други области во државата. Така што еве уште еднаш дозволете ми од мое име да им го честитам празникот Христовото раѓање на православните христијани тие кој што го прославуваат денеска, оние кои што им е именден да им посакам да им е вечно името и се разбира на сите наши сограѓани да им посакам здравје и среќа за нив и за нивните семејства.
Запрашан кај кој се падна паричето за Бадник, Мицкоски одговори:
-Бидејќи ние секоја година традиционално тоа го правиме во домот на моите родители, оваа година паричето падна кај мајка ми, одговори