Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски испрати честитка до Власите во Македонија.
Неговата честитка ја пренесуваме во продолжение
Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на влашката етничка заедница да им го честитам празникот 23-ти мај – Националниот ден на Власите.
Овој значаен ден за Влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.
Нивниот придонес за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, но и во изградбата на нашата заедничка држава Македонија е значајно голем.
Денес власите исто како и другите заедници поминуваат низ заедничките предизвици, економска неизвесност, здравствена криза, несигурност и ерозија на моралните вредности наметнати од неодговорното лидерство на државата. Положбата на заедниците не се подобрува со убави зборови, туку со работа, стратегија и конкретен план.
Во овие тешки моменти за нашата земја посакувам добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Власите и за сите граѓани на Република Македонија.
Нека ваквите празници бидат повод за заедничка заложба за благосостојбата и просперитет на нашата држава.