Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека Пендаровски кажа дека знаеле за агресијата врз Украина уште пред 4 месеци и знаеле дека ќе дојде до ова економско сценарио, но сепак власта немаше план да справување со ситуацијата и да го заштити стандардот на граѓаните.
– Пендаровски рече дека уште пред 4 месеци знаеле, претпоставувам дека човек кој ја добил таа информација ја споделил со останатите чинители во владата. Тој рече уште во ноември дека знаеле, претпоставувам дека ја споделил зо Зоран Заев и останатите, а Заев претпоставувам му ја пренел таа информација на Ковачевски кога овој одлучи да му го грее столчето. Генерално неодговорно однесување, погрешно, без стратегија без план да се менаџира ситуацијата и да се олесни тешкиот живот на македонските граѓани, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека оваа влада немаше план за справување со сето ова кое денеска се случува, а последици ќе трпат граѓаните на семејниот буџет и на стандардот.
– Тоа е резултат на немањето стратегија и погрешните политики и немањето визија на владата. И за тоа ќе има одговорност, ако мислат дека ова така ќе заврши се лажат, порано или подоцна ќе има одговорност, нагласи Мицкоски.