сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Петта година се власт, потрошија 16 милијарди евра и секое семејство го задолжија за 4.500 евра

Мицкоски: Петта година се власт, потрошија 16 милијарди евра и секое семејство го задолжија за 4.500 евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот предизборен митинг од Куманово истакна дека кога СДСМ и Заев зборуваат дека се најдоброто, тоа всушност значи дека се најлошото за Македонија затоа што петта година се на власт и потрошија 16 милијарди евра, и ништо не направија, но затоа секое семејство го задолжија за 4.500 евра.

-Ништо не направија за народот, а направија многу за себе. Испокрадоа тоа што можеше да се испокраде, распродадоа тоа што остана за распродавање. Владата на СДСМ, од 1 јуни 2017 година заклучно со 30 септември 2021 година, точно 52 месеци потроши народни пари 16 милијарди евра, тоа се пари на народот, тоа се пари на граѓаните тешко спечалени пари. Но што направија со тие 16 милијарди. Дали некој се сеќава дека ветија нови 500 километри автопат, а не можат после 52 месеци да го завршат ни тој кој претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ го започна, рече Мицкоски.

Тој истакна дека никаде ги нема ни ветените 600 километри нови регионални патишта и тоа може да го видат граѓаните насекаде низ Македонија.

– Поминете од тука кон Крива Паланка, од Росоман кон Прилеп, поминете од Штип кон Кочани или Радовиш да видите после 52 месеци во каква состојба се патиштата, 600 метри не успеаја да направат, а камо ли километри, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека никаде ги нема ни ветените инвестиции од Гугл, Фејсбук ИКЕА, а го нема ни растот од 5 до 7% на економијата, а после 52 месеци накалемија долгови на грбот на народот од повеќе од 2 милијарди евра или секое семејство во Македонија го задолжија за 4.500 евра.

Најнови вести