петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Поглупава теза од таа на власта дека на ВМРО му одговара опозиција немам слушнато, од распадната направивме победничка партија

Мицкоски: Поглупава теза од таа на власта дека на ВМРО му одговара опозиција немам слушнато, од распадната направивме победничка партија

„Поглупава теза не сум слушнал, ја слушам често во јавноста од определени инсталации на власта, ама искрен да бидам поглупава теза немам слушнато. Треба да има некаков аргумент за да таа теза биде поткрепена. Ако се борите вака како што се бориме ние, како што се борам јас и партијата која што практично беше пред распад кога јас бев избран за претседател на истата, а потоа победите убедливо на двапати на последните локални избори и практично ја откажете од политика првата петорка на политичкиот противник, а нивните инсталации од исто време да ја форсираат оваа теза, самата по себе во основа е глупава“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју дадено за А1 ОН.

Тој потенцираше дека денеска ВМРО-ДПМНЕ е победник. На последните локални избори во двата изборни круга победи историски, денеска ВМРО-ДПМНЕ има најмалку двапати поголем рејтинг од владејачката СДСМ.

„Па јас се чувствувам како победник и немам причина зошто да не се чувствувам како победник бидејќи мојот политички противник со кој што бевме на избори еден спроти друг веќе не е во политиката барем сега за сега. На негово место дојде човек кој што се уште избегнува со мене да се соочи на избори, да излеземе на предвремени парламентарни избори и да измериме колку тежи неговиот политички габарит и колку тежи мојот политички габарит, за да можеме да ја заокружиме целокупната состојба околу тоа кој е победник, а кој му одговара да биде во опозиција“, посочи Мицкоски.

Најнови вести