Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот кој го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако таа поддршка е мала и до сега недоволна, реагира после гласањето за ковид мерките претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните.
Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш, пишува на Фејсбук Мицкоски.