вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Потребно е да се исполнат 2 услови за референдумот да биде успешен без разлика дали тој е задолжителен или е консултативен

Мицкоски: Потребно е да се исполнат 2 услови за референдумот да биде успешен без разлика дали тој е задолжителен или е консултативен

Во вечерашните  вести на Сител гостуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. На прашање на новинарката што доколку нема цензус а Власта прогласи победа на овој референдум со 700 до 750 илјади гласа за дали и ВМРО ДПМНЕ тоа ќе го прифати како јасно изразена волја на граѓаните  како што велат Премиерот и Министерот за надворешни работи Мицкоски одговори дека по природа е легалист и дека не може политички елити да бидат над уставот и законите.

-Легалист сум како човек по природа и мораме да ги почитуваме законите и Уставот не може политичари и политички елити да бидат над законите и уставот.  Тие се абецедата на едно политичко функционирање и не смее државата да биде заробеник на политичките елити во оваа држава туку треба да се почитуваат законите и уставот .

Тој кажа дека законот за референдум е многу јасен каде кажува дека за да биде  успешен референдум потребно е да се исполнат два услови без разлика дали тој е задолжителен или е консултативен.

„Имено законот за референдум е многу јасен кој што вели дека за да биде успешен референдумот без разлика дали е задолжителен или консултативен мора да бидат исполнети два кумулативни услови. Првиот услов е да имаме излезеност  која што ќе биде 50 % плус 1  да излезат гласачи кои што се евидентирани на списокот на гласачи кој што Државната изборна комисија го даде на јавен увид на јавноста го ажурираше и т.н. и го затвори . И второ да тие кои што излегле  да гласаат во мнозинство „За“ референдумот прашање . Тогаш работата значи дека референдумот е успешен.“

Мицкоски исто така кажа дека доколку било кој од овие два  услови не биде исполнет тогаш референдумот е неуспешен.

Многу едноставно било кој од овие два услови да не биде исполнет тогаш референдумското прашање и самиот процес на референдум е неуспешен и тогаш треба да покренеме една нова постапка да видиме колку чинеше сето ова кое што нас ни се случуваше  овој атак на сите сетила на граѓаните на  Република Македонија, да видиме од каде се тие ресурси од каде се тие средства, да видиме каков е ефектот . Зошто се потрошија пари на граѓаните залудно и.т.н. кога од самиот почеток на целокупната оваа кампања апелиравме немојте погрешна е и самото ова што го правите не е добро.

Најнови вести