понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Потребно е ресетирање и предвремени избори, владата на ДУИ поддржана од СДСМ делува спротивно на ЕУ врденостите, предавствата ко триумф ги слави

Мицкоски: Потребно е ресетирање и предвремени избори, владата на ДУИ поддржана од СДСМ делува спротивно на ЕУ врденостите, предавствата ко триумф ги слави

Владата на ДУИ поддржана од СДСМ има еден чуден менталитет, практично без никакви консултации, постигнува некакви национални предавства во четири очи и потоа, тоа го претставува како победа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешните теренски активности одговарајќи на новинарски прашања запрашан колку се вистински заложбите на владата за ЕУ агендата и дали тоа го работат во вистинска насока.

Мицкоски истакна дека, до некаде, ги разбира ДУИ и нејзиниот претседател, Али Ахмети но, не може да ги разбере членовите на владата од редовите на СДСМ кои учествуваат во националните предавства и истите му ги наложуваат на македонскиот народ, но и на ВМРО-ДПМНЕ, кој што воопшто не биле консултирани, да ги прифатат и сето ова однесување е спротивно на вредностите на Европската Унија кои се поставени уште од нејзиното основање.

„Само оваа влада на ДУИ поддржана од СДСМ. Ги разбирам некако и Али Ахмети и ДУИ, можам до некаде да ги разберам. Не можам да ги разберам овие од СДСМ кога ќе постигнат договор со национално предавство, пред се тоа предавство тука се однесува за македонскиот национален идентитет, и потоа тоа го поистоветуваат како триумф и бараат од ВМРО-ДПМНЕ, кој што воопшто не ни бил консултиран, бараат од народот тоа да го прифати. Ако не го прифатите тоа сте спротивно на ЕУ. Не! Самото тоа однесување е спротивно на вредностите на ЕУ дефинирани уште многу, многу одамна од Дегаспери, Шуман и Аденауер, што се сосема различни од ова однесување на владата на ДУИ поддржана од СДСМ“, рече Мицкоски.

И сега, вели Мицкоски, вие кога ќе имате вакво однесување, се поставува прашањето, како тогаш овие луѓе функционираат, објаснувајќи дека така функционираат што го кочат развојот и градењето на Македонија како што е гласањето против буџетите на општините Аеродром, Охрид, Велес и така натаму, наспроти што поддржуваат сомнителни зделки како доделување на 10 милиони евра за ЈСП во доцните синоќешни часови изгласани во Советот на Град Скопје од страна на советниците на СДСМ, ДУИ и Левица.

„Вчера во касните ноќни часови во градското собрание, коалицијата СДСМ-ДУИ и замислете, против оние кои што тие ги навредуваа, Левица изгласаа одлука поголема од 10 милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатие, за цела година, негде околу 650 милиони денари. А, од друга страна овие од владата на ДУИ поддржана од СДСМ ја напаѓаа Левица дека била антиевропска. Заедно изгласаа вчера. Потоа во Аеродром, се гласаше буџет, проекти, градинки, училишта и така натаму, повторно коалицијата СДСМ – Левица гласаа против буџетот. Во Охрид се гласаат градинки, булевари, пазар нов, катна гаража, повторно коалицијата СДСМ – Левица гласа против. Велес се гласа нов пазар, подземни гаражи и така натаму, повторно коалицијата СДСМ – Левица гласа против“, истакна Мицкоски.

Запраша, што имаат против тие луѓе да се гради Македонија, да се гради, што имаат против овие објекти, додавајќи дека нема да ги земат со нив овие објекти и дека се што ќе се изгради преку општинските буџети, како градинки, училишта, улици, тротоари ќе останат за македонските граѓани.

„Ете, тие се тие европски вредности што ги промовира владата на ДУИ поддржана од СДСМ или неевропски вредности. И затоа е потребно ресетирање, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за навистина да дојдат политичари што ќе промовираат вистински европски вредности. Вредности со дијалог, вредности кои што ќе обединуваат, транспарентност, отчетност. Тоа се вистинските европски вредности, борба против криминалот и корупцијата“, објасни претседателот Мицкоски.

Најнови вести