четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски повикува на протест: Се наоѓаме во историски моменти, или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе не нема!

Мицкоски повикува на протест: Се наоѓаме во историски моменти, или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе не нема!

Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ, пишува на својата Фејсбук страница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност.

Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема.

Затоа протест сега, за да не биде предоцна!

п.с. Заштите се, носете маска, држете растојание. Се гледаме на улиците, повикува Мицкоски.

Најнови вести