Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба, објави на својата Фејсбук страница лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба од три причини:
1. Oдлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување со пандемијата, но за жал денес имаме многу полоши состојби во пандемијата.
2. Oснова за овие одлуки беше справување со економските последици од пандемијата. Денес, имаме драстично влошување на економските состојби и зголемена невработеност.
3. Владата ги манипулираше основите и носеше Уредби со законска сила коишто беа злоупотребени за изборен поткуп или за менување на Изборен законик во последен момент.
Доказ за тоа е дека Уставниот суд поништи десетина уредби донесени од владата во тој момент, напиша во својата објава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ во Собранието ќе гласа ПРОТИВ одлуките за вонредна состојба…
Gepostet von Hristijan Mickoski am Mittwoch, 30. September 2020