сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Предвремените избори се решение за разрушениот систем, институциите се на колена

Мицкоски: Предвремените избори се решение за разрушениот систем, институциите се на колена

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на МТВ посочи дека се успеа да се соберат 61 глас, но се виде што се случи.

Според него ако власта имаше мнозинство што не влезе во собраниската сала и како што рече ќе имавме дебата, но тоа е нивна работа.

Мицкоски кажа дека кога сега е ваква ситуацијата има разрушен систем, институции на колена мора да се преземе нешто, односно дека предвремените избори се единствено решение.

„Ако би било лесно не би биле ние, би било неодговорно ако гледате дека државата оди во погрешна насока, власта нема стратегија, тогаш единствено ни останува како општествено одговорна партија да понудиме решенија“, рече Мицкоски.

Според него потребна е влада која може да се справи со предизвиците, да ги решава проблемите, да се справува со надворешните влијанија.

Оттука, додаде тој, треба да се врати вербата во институциите.

„Ние трпевме критики кого ни велеа зошто молчите, не преземате. Тоа беше така за да не бидеме прогласени за деструктивни и бевме трпеливи, ги примивме ударите“, посочи Мицкоски

Најнови вести