На вечерашниот Live chat, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на поставените прашања во врска со потенцијални коалициски окрупнувања во следниот период, истакна дека она што ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија ќе го прави во следниот период е токму тоа.
-Доколку има лица кои имаат ставови кои што не обединуваат, а не обединуваат против заедничкиот политички противник, а тоа е оваа Влада која е реалност во Македонија и овие политичари кои се во Владата, и сето она останато кое во минатото сме го имале како разлики со одредени политички партии или личности треба да бидат во втор план, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски посочи дека приоритетно треба да биде обединување заради спас на Македонија од деструктивните и криминално, погрешни политики на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
-Веќе започнавме еден процес на окрупнување до сега структури како дел од политичката партија Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, изминатиот викенд членови на дел од движењето ФРОДЕМ исто така преминаа во ВМРО-ДПМНЕ и во периодот кој што следи ќе има и други структури на политички партии кои ќе преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, и она што е најважно е дека работиме на коалицискиот потенцијаал, обединување и окрупнување и наоѓање на заедничка сврзна точка, тоа е понатамошното пљачкање на државата и политичката мафија која владее во Македонија, истакна Мицкоски.