Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 истакна дека реакциите на СДСМ за одлуката пуштањето од притвор на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков е ништо друго освен евтин театар кој го приредуваат во јавноста.
-Евтин театар и обид на луѓето кои го водат правосудството во државата која е 111 место според Транспаренси Интернешнл според перцепцијата за корупција и криминал да се исперат. Во текот на денот колку што видовме пак се бара мерка притвор за друго дело, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека ќе гледаме вакви евтини театри кога тоа ќе им биде потребно на СДСМ, на Зоран Заев или на луѓето кои се во раководството на СДСМ.