четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Се колнеа во манифестот на АСНОМ, па го тргнаа од Уставот

Мицкоски: Се колнеа во манифестот на АСНОМ, па го тргнаа од Уставот

Во интервју за ТВ Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше околу промените на Уставот. Тој посочи дека не очекуваат шокови во периодот кој следува и како пример го даде менувањето на одлуките на АСНОМ со прогласот, за кој тој вели дека се сосема две различни работи.

– Тие шокови нема тука да застанат. Мислам дека до крајната содржина на амандманите ќе има уште по некој шок. Гледате најпрвин се колнеа во АСНОМ па потоа ги избришаа одлуките од АСНОМ. Ни го вметнаа прогласот. Не знам дали јавноста знае за што станува збор ама прогласот е исто како сега вие да имате Циркус Медрано да гостува во вашиот град и тоа да е тој постерот што го најавува. Тоа е прогласот во принцип кој што е ставен. И оправдувањето е дека можеби со одлуките некој би бил повреден. Да не било смешно, би било трагично, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека ситуацијата е несериозна, и дека неговите очекувања се дека ќе има голем број на изненадувања во самиот процес.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со сите алатки кои му стојат на располагање ќе се спротистави на овој процес во рамките на парламентарната дебата, но и во рамки на институциите надвор од Собранието.

Најнови вести