недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Се обврзуваме на повисоки плати за 25% и пензии за 20%, невработеност под 10%

Мицкоски: Се обврзуваме на повисоки плати за 25% и пензии за 20%, невработеност под 10%

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција обелодени серија мерки за подобар живот на граѓаните.

Пред се, станува збор за економски мерки, затоа што, како што истакна Мицкоски, за да има развој е потребно пораст во економијата, почитување на законите и покачување на стандардот кај граѓаните.

-Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечна плата во државата за минимум 25% во еден мандат. Ќе пораснат платите за минимум 25% во следните 4 години. Се обврзуваме за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер. Во однос на невработеноста, тука нема да има пораст. Туку драстично ќе ја намалиме. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе невработеност под 10% односно едноцифрена невработеност, порача Мицкоски

Најнови вести