сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски се сретна со Грамоз Ручи

Мицкоски се сретна со Грамоз Ручи

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски оствари средба со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.

Мицкоски и Ручи ја констатираа добрата соработка помеѓу двете држави и двата народи.

На средбата беше констатирано дека иднината на  регионот е во ЕУ и НАТО, но и со целосна посветеност во борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Мицкоски посочи дека во Република Македонија моментално не се почитуваат демократските принципи и вредности, власта која ја зави во црнило државата го користи правосудството како алатка за пресметка со политичките неистомисленици, наместо по закон институциите работат по диктат.

Беше констатирана и потребата од поголем економски развој на регионот и поголема соработка на економски план.

Најнови вести