Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување во емисијата 360 степени на телевизија Алсат, рече дека го интересира само вистината, додека за истрагата „Рекет“ има доста симптоматични моменти. Тој го посочи за симптоматичен моментот кога Александар Кирацовски од СДСМ самиот призна дека не е замешан во случајот и дека не се знае со Бојан Јовановски, но за кратко излегоа слики од честите дружби и музицирања на Кирацовски со првоосомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски.
-За мене е исто така е прилично симптоматично ако случајот е пријавен во мај, како се дозволи Катица Јанева до август месец, практично во меѓувреме да го искористи својот годишен одмор да се појави на плажите кај нашиот јужен сосед, а притоа и форензички да го исчисти телефонот и практично дел од доказите да ги сокрие?
Мицкоски рече дека е исто така прилично симптоматично зошто еден висок функционер од редовите на СДСМ којшто примил поклон „Лобутин“ скапи чевли, а исто така не е повикан да даде еден еден исказ. Тој рече дека тоа и е познато на обвинителката и обвинителството во оние материјали коишто преку „Ла Верита“ јавноста ги слушна и виде како се органинзирале вечери во домот на првоосомничениот на којшто присуствуваат лица кои што се денеска високи функционери на СДСМ.
-Јас само барам сите оние имиња коишто таму се споменати да бидат повикани да дадат исказ, а потоа можеби истрагата ќе констатира дека нема дело и дека сето ова било во хумани цели. Видовме како премиерот кажуваше кога нудеше поткуп за Вартоломеј практично дек абил хуманист, а не дека нуди поткуп. Можеби Рускоска ќе рече извинете овде нема дело и нема да имаме судски процес, претпостави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.