среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со Ахмети зборувавме за нов договор со Бугарија и предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Со Ахмети зборувавме за нов договор со Бугарија и предвремени парламентарни избори

Христијан Мицкоски вечерва од студиото на ТВ21, гостувајќи во „Клик Плус“, откри што разговорал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека разговарал со Ахмети за две теми: за нов договор со Бугарија и предвремени парламентарни избори.

„Што се однесува до средбата, зборувавме за две теми. Едната околу евентуалниот и потенцијален нов договор, бидејќи еден веќе имаме и требаше да биде решение на нашите проблеми. Се најавуваа датуми од авиони и така натаму…

И втората тема, е темата за предвремени парламентарни избори, за кои ставот го кажав веднаш по средбата. Не очекувам дека од власта ќе излезат и ќе кажат предвремени избори, затоа сме ние тука да обезбедиме избори час поскоро. Бидејќи ситуацијата сега фрустрира едно големо мнозинство македонски граѓани бидејќи тие не се правилно претставени во Владата, а реков дека ние поради политичката некултура имаме ваква Влада“, рече Мицкоски.

Најнови вести