понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Со девијантното и насилничко однесување во Собранието не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 граѓани

Мицкоски: Со девијантното и насилничко однесување во Собранието не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 граѓани

Концесијата која СДСМ си ја создаде со формирањето на владата, денеска се плаќа на штета на македонските граѓани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање на денешната пресконференција од седиштето на партијата.

– Со девијатното и насилничко однесување во Собранието не беше испочитувана волјата на најмалку 450.000 граѓани, кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламетарни избори во декември 2016 година, кога со над 20.000 гласа го победи СДСМ, кажа Мицкоски.

Тој дополнува дека граѓаните наскоро ќе кажат чија политика ја поддржуваат, таа на ВМРО-ДПМНЕ или таа на СДСМ.

Прашан да даде свој став за изјавите на професорот Владо Поповски поврзани со Законот за јазиците и непотпишувањето на указот од страна на Иванов, Мицкоски рече:

– Тоа е личен став на професорот Поповски и навистина нема што да додадам по повод тој негов личен став и навистина жалам што не успеа да ги препознае вредностите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги артикулира изминатиот период во јавноста.

Мицкоски потенцираше и дека партијата останува посветена на реформите, бидејќи предлозите на СДСМ во однос на реформите како решенија се исти како да се кроени вовремето на комунизмот.

– Претпоставувам дека, ако постои и малку волја да бидат чесниот  СДСМ  тоа ќе ви потврдат и посведочат за посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ  во моделирањето на таканаречените реформски закони бидејќи тоа што стига како предлог не може да го добие предзнакот реформски, бидејќи се со полош квалитет и од времето на комунизмот , тие предлози кои што стигаат, изјави Мицкоски.

 

Најнови вести