среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со хируршки потези ја сруши владата на Заев која не испорача ЕУ и реформи

Мицкоски со хируршки потези ја сруши владата на Заев која не испорача ЕУ и реформи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој беше мета на негативна кампања изминативе години, успеа со хируршки потези или со негов речник математички прецизно да ја сруши Владата на Заев.

Христијан Мицкоски кој е трет претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше избран за лидер на партијата во декември месец 2017-та година, а од тогаш до сега малкумина оптимистички политички аналитичари, поради бремето кое го носи и големата одговорност во партијата, му предвидуваа дека ќе направи реформи во партијата кои ќе бидат вредни за да дојде во ситуација да ја освои довербата на граѓаните и тоа на локални избори да создаде можност да ја сруши владата на Заев во историски изборен дебакл, но и да го принуди Заев да игра на картата „се’ или ништо“, со давање на оставка.

Ако гледаме наназад не беше за занемарување фактот што Мицкоски во Собранието на парламентарните избори минатата година настапи со нови кадри и најголем дел од пратениците од претходното парламентарно мнозинство беа променети, а во Собранието настапуваа уште пожестоко против власта.

Можеби еден е најдобрите потези на Мицкоски е кадровата реформа и внесување на свежина во партиските редови, со нови луѓе, пред се млад кадар, но и поддршка кон независни кандидати вредни за ризик, беа едни од потезите кои гарантираа успех на овие избори за партијата. Мицкоски не само што ја зголеми транспаретноста пред граѓаните, но и неговото учество во медиумскиот простор изминативе години, соочувањата со Заев, економските анализи и предвидувања кои излегоа вистинити, како и обелоденувањето на скандали и сомнежи за сторен криминал или корупција од страна на власта од партиската говорница не е за занемарување.

Во меѓувреме, Заев неколку пати излажа, секоја година по ред, дека сме добиле датум за преговори со ЕУ, но откако го промени уставно име Заев најавуваше дека започнуваат реформи во земјава со фокус кон економското зајакнување и кои ќе бидат вредни европска интеграција, но ништо од тоа не се случи. Напротив, Заев не само што не испорача „Европска Македонија“, туку и „хибридноста на режимот “ се зголеми, како што се зголемуваше криминалот и корупцијата, а земјава сруши негативни рекорди на светските скали.

За ова време ВМРО-ДПМНЕ тераше зајакнување на своите редови, а про опозициското расположение кај народот, нереализираните ветувањата на владата на Заев и високиот степен на корупција, беа само причини плус за потезите на Мицкоски хируршки прецизно да пресечат, трпеливо со концепт за заедништво, без поделби и Македонија за сите луѓе која создава нова иднина и истото да добие доверба од граѓаните и да ја сруши владата на Заев.

Најнови вести