четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со нов тим кој доби доверба

Мицкоски со нов тим кој доби доверба

Уште пред локалните избори, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека на овие избори ќе излезе со сосема нов тим којшто го нарече нов бран на политичката сцена, а од друга страна пак СДСМ се одлучи да не менува многу при изборот на кандидати за градоначалници, па освен тоа што беа оставени истите тие коишто не ги реализираа дадените ветувања во 2017 година, партијата се одлучи и неколку прочитани и на јавноста добро познати функционери да ги во трката за градоначалници.

Мицкоски најави дека тимот на нови луѓе на ВМРО-ДПМНЕ кои се млади, со нова визија, нова енергија и луѓе кои сакаат да победат и да им покажат на граѓаните да им покажат дека може поинаку, имаат огромна предност пред стариот, контаминиран и докажано неспособен тим на градоначалници од СДСМ.

Најавите на Мицкоски се остварија во целост, па овој тим на млади луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката на граѓаните скоро во сите општини, а ако денот по утрото се познава, тоа значи дека се остваруваат и зборовите на Мицкоски кога овие луѓе ги преставуваше како луѓе со визија, мотив и желба да го подобрат животот на граѓаните во нивните општини. По само неколку дена од преземањето на општините, новите градоначалници од редовите на ВМРО- ДПМНЕ веќе реализираат проекти коишто биле ветувани од нивните претходници, а не успеале да ги реализираат во цели 4 години од нивниот мандат.

Ваквото енергично работење на локално виво, влева огромна надеж кај граѓаните дека истото може да се случува и на централно ниво каде што владее какофонија, секојдневно испливуваат коруптивни скандали во кои резултира дека се вмешани функционери од највисоките ешалони на власта и се забележува недомаќинско управување со парите на граѓаните и неспособност за справување со предизвиците пред кои се наоѓа државата како што е и немањето план за справување со енергетската криза со која директно се засегнати граѓаните кои стравуваат за периодот кој то претстои, а доколку Владата беше сериозна во овој поглед требаше веќе да има преземено чекори за да ги заштити.

Друга новост која на овие избори беше и тоа што ВМРО-ДПМНЕ докажа дека има коалиционен капацитет со тоа што се постигна коалиција со албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива. Со оваа коалиција ВМРО-ДПМНЕ од една страна се ослободи од етикетата „националистичка“ која неосновано партиите на власт се обидуваа во секоја прилика да му ја залепат и да ја користат како оружје за заплашување, особено на граѓаните од албанска етничака припадност кои на овие избори не наседнаа на ваквата реторика и одлучија да дадат поддршка на промените, а од друга страна го потврди својот коалициски капацитет за кој владејачките партии обожаваа да кажуваат дека го нема.

Најнови вести