Достоинство или го имаш или воопшто го немаш. Кога го немаш, тогаш навредите и понижувањата ти се смешни! Меѓутоа, на народот не! Стоп за понижувањата на државата, за неодговорноста и за народниот грабеж, стои во Фејсбук објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека е премногу и ги повика сите граѓани на Република Македонија на 18ти јуни да излезат на голем народен протест пред Влада на Република Македонија!