петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски со семејството на одмор во Црна Гора

Мицкоски со семејството на одмор во Црна Гора

Како што дознава Вечер.мк лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во следните неколку дена заедно со семејството ќе одмора во Црна Гора. Повеќе детали за одморот, односно каде ќе престојува Мицкоски и колку ќе остане, засега нема.

Инаку, на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ очигледно Јадранот му е омилена дестинација, а истото важи и за месецот во кој летува. Слично беше и пред две години кога тој отпатува во Хрватска и тоа непосредно по одбележувањето на Илинден.

Минатата година поради состојбата со пожарите тој остана дома иако, како што рече тогаш, имал силен притисок од домашните да одмораат заедно, пишува Вечер.

Најнови вести