Ова е вистината за Македонија која нема да ја видите во скапите спотови на СДСМ. Со Заев, Македонија е на дното на листата на земји со еднаков развој и меѓу 10-те со највисока стапка на невработеност кај младите, заедно со Свазиленд, Намибија и Либија, пишува на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
1. “Македонија ќе биде земја на еднакви можности”, вети Зоран Заев во 2016-та година. Три години подоцна, демантот стигна, извештај на УНДП за нееднаквиот развој во 2019, каде Македонија е рангирана на дното во Европа, поточно на 82-тата позиција како земја со најслаби можности за еднаков раст. Ова место е убедливо најслабо во регионот и подобри од Македонија се: Словенија која е на 24 позиција, Грција на 32, Хрватска на 46, Црна Гора и Бугарија на 52, Србија на 63, Албанија на 69, а Босна и Херцеговина на 75 позиција. Подобри од Македонија според еднаквиот развој се и земји како Оман на 47, Барбадос на 56, Тринидад и Тобаго на 63 и Шри Ланка на 71 место. Клучното ветување на Заев за општество со еднакви можности доживува фијаско и за тоа има меѓунардна потврда.
Нема еднакви можности кога премиерот доаѓа од најбогатото политичко семејство на Балканот, додека народот нема ни за леб, нема еднакви можности кога луѓе од Владата кумувале на Рекет од 8 милиони евра и прават се за да не се дознае вистината. Нема еднакви можности кога професорот кој одлучувал за стипендија на најблизок член од семејството на министерот ќе го наградите да биде амбасадор. Нема еднакви можности кога системот е трул, а непотизмот се мултиплицира. Заев не создава еднакви можности, туку поделено општество.
2. Заев во годината во која рече дека блескаме и требаше да биде економска ја сврсти државата во топ 10 земји со највисока стапка на невработеност кај младите за што пишува и угледниот магазин Економист, во друштво со Намибија, Либија, Свазилен и Јордан. Поразителни бројки кои го разобличуваат Заев.
Заев е виновникот што Македонија секој ден се повеќе тоне во сиромаштија, немање перспектива и многу криминал. Уште само 16 дена Заев е премиер и никогаш повеќе. На Македонија и треба надеж и треба обнова. И заедно ќе се избориме затоа што ја сакаме Македонија!