вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Состојбата во државата на економско поле е катастрофална!

Мицкоски: Состојбата во државата на економско поле е катастрофална!

Имаме катастрофална состојба со странските директни инвестиции. Ќе завршиме некаде околу 100 милиони помалку од 2016 година која што патем речено, не е најдобра туку е просечна година за странските инвестиции, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Тој потенцираше  дека гледаме едно силно инвестирање на странски компании во регионот и една таква инвестиција токму соседна Србија ни ја грабнала.

– Сме биле во најтесна конкуренција, не сме успеале да ги убедиме тие инвеститори. Станува збор за сериозен производител од автомобилската индустрија на возила која што многу ќе значеше во подобрување на состојбата на БДП бидејќи додадената вредност на нивниот финален производ ќе беше голема, потенцираше Мицкоски

Во врска со останатите економски параметри, Мицкоски додаде дека индустриското производство бележи пад од околу 4%, градежниот сектор е катастрофален 12%,  државните девизни резерви на крајот од 2017 година споредено со 2016 година се околу 11% помали од тие што беа, 266 милиони евра.

– Гледаме дека се задолживме, а не почувствувавме  нешто во квалитетот на нашиот живот. Претпоставувам дека задолжувањето со еврообврзницата од 500 милиони е за покривање на овие промашувања кои што претходно ги кажав. Така што, една катастрофална ситуација имаме во моментот,  рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека потрагично е што ништо не се гради, што механизацијата низ целата држава стои, а загрижувачка е и ситуацијата кај енергетиката затоа што и во производството на електрична енергија огромен е падот.

– За јануари месец производството на електрична енергија во АД Електрани на  Македонија е некаде за 25-26% помало од она што било во јануари 2017 година, некаде околу 5,5 милиони евра имаат помала ликвидност.  Информациите кои стигаат од РЕК Битола се помалку или повеќе скандалозни однесувања на раководниот кадар таму и меѓучовечки и менаџерски не загрижуваат бидејќи енергетиката претставува еден од есенцијалните столбови во државата, нагласи  Мицкоски.

Најнови вести