Денеска практично ја започнуваме кампањата за овие би рекол предвремени избори за советници овдека во општина Тетово. Очекуваме во оваа кампања граѓаните да кажат гласно НЕ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ, изјави денеска од Тетово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Мицкоски:
Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ да апсолутно освои повеќе советници од таа што беше бројка до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори кои што ги користат нашите сограѓани.
Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат НЕ односно ќе гласаат ПРОТИВ коалицијата на СДСМ и ДУИ. А, ќе гласаат ЗА ново, модерно и современо Тетово, и нормално ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Ангел Карапетров.
Јас сум убеден дека тоа ќе биде листата која што ќе направи многу за граѓаните овдека во Тетово, и тоа е листата која што ќе треба да покаже еден обединувачки карактер односно граѓаните во Тетово, овдека да се обединат. Бидејќи само на тој начин можат нивните права презентирани и репрезентирани од страна на преставници во Општина Тетово на ниво кое што тие очекуваат.
Свесен сум дека ќе постојат и други кои што ќе сакаат да го фрагментираат гласачкото тело овдека во Тетово, но убеден сум дека граѓаните ќе бидат над таа ситуација, ќе го препознаат квалитетот и ќе го дадат својот глас за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.