Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за ТВ Сител посочи дека владата предводена од СДСМ многу ветува, но ништо не исполнува. Тоа се виде и во време на оваа криза многу вработени, стопанственици останаа на милост и немилост на оваа влада. А, пак СДСМ преку мерките води предизборни калкулации, грижејќи се да го ублажат нивниот пораз на претстојните избори.
-Ценам дека повторно доаѓа до израз сето она лицемерие од страна на владините функционери. Од една страна вие барате избори да се случат во јуни, или еве да речеме на почетокот како што беше 14 јуни, па 21, па 28. А, од друга страна барате продолжување на вонредната состојба, значи гледате дека нешто не е во ред, 30 дена, кои што би завршиле таму некаде 15 јуни ако не се лажам. Па претседателот Пендаровски им дава 14 дена до 30-ти мај. И тогаш вие излегувате со спектакуларен трет пакет на економски сет на мерки кои што се поделени на три столба, појасни Мицкоски.
Мицкоски ги појасни мерките на владата по столбови, првиот столб е мерките кои што практично имаат за цел да ја зголемат потрошувачката на граѓаните. Вториот столб е помошта кон стопанството. И третиот столб е земјоделието.
-Заедничко за вториот и третиот столб е што тие мерки кои што се предвидени реализација им е во периодот септември, декември. Затоа што немаат идеја како да дојдат до средства. Има таму една чудна мерка 2-2, каде што државата треба да гарантира за приватни компании кај комерцијалните банки, а притоа законот за јавен долг е многу јасен и експлицитен кој што вели дека не може државата да гарантира за правно лице кое што не е генератор на јавен долг. Значи дека државата може да гарантира само онаму каде што е доминантен сопственик или апсолутен сопственик. Зар владата ќе се дрзне да го менува законот за јавен долг. Владата ветува нешто што не може да го исполни. А, она што е во земјоделието е практично редовната програма на министерството за земјоделие, кое што сега по магичен пат стана антикризна мерка.
Првиот столб со кој што предвидела владата е да таргетираат различни целни групи и тоа има неколку подмерки. Првата мерка е ваучерот околу 150 евра на 100-тини илјади граѓани за поттикнување на потрошувачката. Втората мерка е ваучери од 100-тина евра и 50-тина евра џепарлак, тоа е кои што имаат помали примања до 14.500 денари, минимална плата. И третата е за студенти и средношколци, а ги забораваат и основците кои имаат потреби да речеме од електронски помагала итн. А, нив ги заборавиле, па велат средношколци и студенти и за нив ќе дадат 100-тина евра и ваучер околу 50-тина евра џепарлак. Но забораваат дека на 31 мај по завршувањето на големата состојба се суспендира уредбата која што претходно го суспендира членот 8А од Изборниот законик кој што вели, 60 дена пред одржување на изборите вие не смеете да имате вонредни плаќања бидејќи се смета за изборна корупција, потсети Мицкоски.
Мицкоски додаде дека оваа влада ветува многу нешт,а но ништо не може да испорача.
-Многу лица оваа влада два месеци остави без месечни примања. Граѓаните се оставени на милост и немилост. Има компании кои што сега во месец мај добија помош за месец април средства ги враќаат бидејќи не можат да издржат. Ги враќаат бидејќи владата ги обврзува да ги задржат вработените, а тие не се во можност да ги средат обврските кон вработените, оцени тој.