Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат М одговарајќи на прашањето кога ќе бараат предвремени избори истакна дека откако ќе ги формира телата на партијата ќе излезе со јасен план, додавајќи дека во парламентот понудиле измени во законот за влада за укинување на техничката влада.
Затоа понудивме во парламентот измени во законот за влада да бидам попрецизен не во изборниот законик бидејќи гледаме еден амбасадор баш се сеќавам на оние билатерални средби ми рече, вели многу долго трае кај вас изборниот процес и си реков да не се комуницира ова некаде надвор од конвенционалниот начин на комуницирање, ајде да направиме една анализа што значи тоа многу долго траело или многу кратко трае. велиме 100 дена техничка влада е долг период што треба да направиме за да ја скратиме ајде да се придржуваме на уставна категорија 45 до 60, што треба за тоа да се случи да нема техничка влада, вели Мицкоски.
На прашањето зошто се откажува од Пржинскиот договор Мицкоски потсети на неговите и изјавите на Зоран Заев кога во гостување и при средба во 2018 година се согласиле и двајцата техничката влада да стане минато, укажувајќи дека доколку од СДСМ се принципиелни, тогаш ќе го прифатат овој предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Сега ќе ве потсетам на една наша дебата пред предвремените парламентарни избори на една телевизија каде што и двајцата јавно кажавме дека се сложуваме после овие избори, оваа техничка влада да биде минато, јавно и јас и Заев кажавме на таа дебата и мислам дека ако побарате по интернет ќе најдете исечоци од таа емисија.
Потоа се сеќавам кога излегов од болница после ковид пандемијата мислам дека беше март или април минатата година, имавме јас и он една тет а тет средба во Клубот на пратеници се сеќавате и тогаш и двајцата го афирмиравме ставот дека техничката влада треба да замине во минатото. Така што има историја овој наш предлог и ако од СДСМ се принципиелни тогаш ќе го подржат овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.