понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Укинато ми е обезбедувањето, а МВР не постапува по пријавите

Мицкоски: Укинато ми е обезбедувањето, а МВР не постапува по пријавите

Службите не постапувале по пријавите за елиминација на Христијан Мицкоски, порача вечерва на вонредната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако претходно на социјалните мрежи објави сека сакале да го убијат.

-Се што сум добивал закани сум ги пријавил таму каде што треба. Пратеници задолжени за надзор на службите беа да видат дали се постапува. Не постапуваат. Нема повратно ништо. Не постапуваат. Немам обезбедување од МВР, обезбедувањето ми е укинато. Немам намера ни да го прифатам ако ми биде понуден. Нормално е дека сум загрижен. Страв имам од едно, а тоа е од Господ. Такви нема на земјата, појаснихристијан Мицкоски.

Најнови вести