сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Викаа лекции за економија ќе држат, испадна дека само лекции за криминал може да држат

Мицкоски: Викаа лекции за економија ќе држат, испадна дека само лекции за криминал може да држат

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот „Република“ вели дека власта нема проактивна политики за привлекување на странски инвестиции посочувајќи дека изјавите од страна на власта дека ќе држи лекции за економија, се сведе на држење на лекции за крадење.

Нема власта проактивна политика за привлекување на странски инвестиции. Викаа лекции ќе држат, но може да држат лекции само за крадење. Додека Спасовски го држи министерството за внатрешни, додека има обвинителство и судство кое што е партиско, ќе биде така. Кога сето тоа ќе биде ослободено од овие луѓе ќе си дојде и одговорноста, изјави тој.

Откако ја донесоа државата во бездна, откако ја доведоа под знак прашање ликвидноста на државата односно редовната исплата на плати, пензии, обврски ко стопанството итн, сега се обраќаат до единствените институции кои што стојат на располагање, тоа се ММФ и Светска Банка и добро е што од таму позајмуваат бидејќи ќе имаат зголемен мониторинг и контрола, рече Мицкоски.

Најнови вести