Овој викенд ВМРО-ДПМНЕ ќе го помине во Струга заедно со Националниот демократски институт (НДИ) од САД. Тоа ќе претставува одлична можност за раководството на партијата, за луѓето од Националниот демократски институт, да размениме знаења и искуства, инаку самиот наслов на овој работен викенд е „Рефлектираме за минатото и планираме за иднината“. Ќе ги извлечеме поуките од сите оние грешки кои политичките елити во ова наше 28-годишно политичко мочуриште го правеа во Република Македонија и тие грешки да не ги повториме во иднина, затоа да направиме соодветен план и да ја испланираме иднината.
Ова за Атфа ТВ, го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Струга каде се одржува дводневниот семинар се одржува со наслов „Рефлектирање за минатото, планирање за иднината“.
-Мислам дека ќе претставува корисно искуство за ВМРO-ДПМНЕ, за луѓето од Националниот демократски институт, бидејќи навистина Македонија никогаш не била по поделена од денеска и како општество и како луѓе, и не само политички, туку ние почнавме да се делиме и по определни појави кои што се случуваат во македонското општество, рече Мицкоски и додаде:
„Никогаш Македонија не била поподелена кога стануваше збор за Преспанскиот договор, имаше една помала група на луѓе кои што го поддржуваа и огромно мнозинство кое беше против тој договор. Потоа она бескрупулозното додворување на Зоран Заев со ниски страсти на определена етничка група, а се со цел само да обезбеди глас повеќе, бидејќи гледаме дека кај мнозинскиот етникум, македонскиот, не може повеќе да добива гласови бидејќи има огромно разочарување кај нив од политиките кои ги води СДСМ и Заев. На тој начин го прави македонското општество се поподелено, од друга страна пак, граѓаните се крајно разочарани на немањето правна држава, се деморализирани и демотивирани и спасот го наоѓаат селејќи се со целите семејства надвор од границите на Република Македонија“.
Инаку, целта на дводневниот настан кој го организира ВМРО-ДПМНЕ во соработка со НДИ, е градење на нови политики и обука на раководството и пратеничката група на партијата.
НДИ е една од највлијателните политички организации во САД која има долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ помагајќи ги во континуитет внатрепартиските процеси на реформи, реструктуирање и подготвување на нови програми.