Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкокси во своето гостување во емисијата „Студио 10“ говореше за аферата броило каде истакна дека оваа афера покажува сериозна трговија на влијание на Ковачевски и неговиот кум.
– Ние докажуваме, ние велиме оваа компанија ја формирал тој и тој, оваа компанија склучила договор со таа компанија, тој кој ја формирал сега е на висока државна позиција, на првата позиција. Ете тој и да нема ништо во моментот, има кумот, дали не е тоа трговија со влијание? запраша Мицкоски.
Мицкоски истакна дека деновиве ќе поднесе тужба за клевета затоа што СДС го нарекува „докажан криминалец“, а немаат докази за тоа.
-Сега ќе треба тоа што го тврдат да го докажат на суд, денеска или најдоцна утре ќе поднесам пријава за клевета бидејќи вчера ме нарекоа, така како што ме нарекоа „докажан криминалец“, сакам да ги видам тие докази каде јас сум осуден правосилно за сторен криминал, морам да го тужам СДС за клевета да се извини или неколку дена да им оставам простор да се извинат бидејќи навистина ја поминуваат секоја пристојна граница. Ги поминавме билбордите, флаерите ги поминавме, ја поминавме кампањата, сепак на крајот од денот јас сум универзитетски професор, еве денеска почна семестарот пред мене имаше 90 студенти во втора година факултетот и сега јас сум бил „докажан криминалец“, треба да го докажат тоа, да ја покажат пресудата каде докажале дека сум криминалец, додаде Мицкокси.