петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Не верувајте на оние изјави на Заев со кои ја плаши јавноста дека ако дојде ВМРО ќе се кара со соседите, тоа е порака на очајник

Мицкоски: Не верувајте на оние изјави на Заев со кои ја плаши јавноста дека ако дојде ВМРО ќе се кара со соседите, тоа е порака на очајник

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Валандово порача да не се верува во зборовите на Заев дека доколу ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт дека ќе се скара со соседите, порачувајќи дека тоа се пораки на очајник.

-И не верувајте на оние изјави на Заев со кои ја плаши јавноста дека ако дојде ВМРО ќе се кара со соседите. Тоа е порака на очајник. Тоа и сега коленичи и има пуста желба дека со некакво волшебно стапче од надвор ќе биде спасен, рече Мицкоски.

-Јас и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме најдобри односи со соседите, затоа што ќе ги почитуваме, но нема да ги лажеме дека се ќе им потпишеме и нема да се срамам да барам да не почитуваат и тие нас. Затоа барам и реципроцитет, за се што бараат од нас, дециден е Мицкоски.