вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Владата на СДСМ води „пиши бриши“ дипломатија за името

Мицкоски: Владата на СДСМ води „пиши бриши“ дипломатија за името

Кажав дека од сега па натаму тоа ќе биде одговорност на владата, но тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ треба да биде надвор од процесот. Тоа беше малку метафорично кажано, кој разбра-разбра во тој момент. Но, гледам дека Владата тоа си го сфати здраво за готово и до овој момент не не информирала што се случува на таа лидерска средба. До денеска сведоци сме на многу изјави, на многу медиуми, имаме „пиши бриши“ интервјуа и политики, дипломатија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во интервјуто на Канал 5 во емисијата „Само Вистина“.

Мицкоски потенцираше дека после лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ е тотално изолирана, а во кој процес се одвиваат преговорите за името, дознаваат од медиумите.

Тој додаде дека на лидерската средбите со Заев се договориле да одржуваат состаноци, но за жал владата земала се во свои раце, а тие како најголема опозициона партија не се информирале за динамиката на која се водат преговорите за името.

-Ја повикувавме владата, дајте да се договориме да не’ информирате што се случува. Ние не знаеме што се случува, сепак се одлучува за нашата држава, се одлучува за најгорливото прашање, за најемотивното прашање за граѓаните на оваа држава, додаде тој.

Според него, ако се исклучи „пиши бриши“ дипломатијата, односно еднаш кажано едно, после кажано друго и ако се фокусира, сериозно на процесот кој според него целиот процес е загрозен од какафониите кои се случуваат во минатото, ВМРО-ДПМНЕ има јасен и принципиелен став дека нема да прифати промена на Уставот на Република Македонија со цел промена на уставното име.

Најнови вести