понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум, и целосно ќе беа делегитимирани, ќе соберевме над 900 илјади гласа против договорот

Мицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум, и целосно ќе беа делегитимирани, ќе соберевме над 900 илјади гласа против договорот

„Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет“, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.

Тој посочи дека катализирале едно прашање, каде сите тие донеле заклучок дека е во ингеренција на Собранието, бидејќи законот за ратификација е во Собранието и тие сметаат дека потребно е таму да се фокусираат.

„Суштината овдека која е? Суштината е дека тие се исплашија од успешен референдум, тоа го покажувааа и анкетите, дека референдумот ќе биде успешен. Тие се исплашија да опозицијата во Македонија консолидира 910,000 илјади гласа, тоа е суштината и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани“, посочи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека тие пред да се одлучат на референдум, го мереле јавното мислење и правеле анкети.

„Ние не отидовме во овој процес затоа што така ни текнало. Опозицијата има единствен начин и единствена алатка на овој начин да се спротивстави на политиките на власта бидејќи ние немаме 61 пратеник, а на друг начин современата демократија не познава, насилство, насилије не познава за остварување демоктратски права и цели“, дециден е Мицкоски.

Тој посочи дека единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот.

„Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан“, изјави Мицкоски.

Најнови вести