вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во државата се спроведува класична гилотина, луѓе губат работни места или се деградираат само поради тоа што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Во државата се спроведува класична гилотина, луѓе губат работни места или се деградираат само поради тоа што се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Во гостувањето на националната телевизија МТВ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека во овој момент во државава се спроведува класична гилотина на луѓето кои по некаква случајност се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. И тоа без разлика дали во минатото имало некој активизам и дали се влезени на работа затоа што ВМРО-ДПМНЕ во тој период била владејачка партија.

Мицкоски додаде дека суштината е дека тие на дневна основа ги губат работните места или се деградираат.

-Како генерален директор во ЕЛЕМ имав можност да соработувам со 5000 прекрасни луѓе. На дневна основа барем по 10 поплаки добивам како се деградирани без никакво образложение и можам да ви ги доставам тие. И се надевам дека на тие луѓе ќе може да им се излезе во пресрет. Тоа се луѓе кои се квалификувани и тоа се луѓе кои ќе допринесат во работењето на компаниите и јавните претпријатија но и на државните институции затоа што имаат искуство и затоа што знаат како се работи, рече Мицкоски.

Тој додава дека додека не се промениме општеството и начинот на кој што се вработуваат луѓето тогаш не може да се оди напред.

Најнови вести