сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во Ново Село Заевизмот го уништува животот на граѓанинот, а земјоделците се изманипулирани, нивниот труд со оваа власт не се цени

Мицкоски: Во Ново Село Заевизмот го уништува животот на граѓанинот, а земјоделците се изманипулирани, нивниот труд со оваа власт не се цени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Ново Село каде се сретна со граѓаните на ова населено место.

Таму тој разговараше за незадоволството на граѓаните од владеењето на СДСМ.

-Штотуку завршив со посетата на Ново Село и со средбата на жителите на ова населено место и општина. На овие избори сите оние кој што не се задоволни од она што како реалност го живееме, од се она што се случува во секојдневието, потребно е да поддржат промени, тие луѓе ги повикувам да не поддржат да застанат до нас, затоа што заеднички ќе се избориме за промените. Во Ново Село Заевизмот го уништува животот на граѓанинот, земјоделците се изманипулирани, нивниот труд со оваа власт не се цени, граѓаните се излажани. Згора на се се чувствува и она горко чувство кај луѓето поради промената на името и идентитетот кој го направи Заев, а не го направи тоа за да одиме напред како држава, туку за пусти пари и власт. Имаме премиер кој се плаши да каже, да изусти на каков јазик зборат луѓето во Овчарани, во денешна Северна Грција за да не се замерел со соседите, а што е со тие луѓе таму, што е со вистината која сака да ја сокрие. Истиот тој човек доаѓаше тука во Ново Село ветуваше дека ќе немало рудник, ама кога дојде на власт го заборави тоа ветување и работите со рудникот си ги тера. А тоа не престанува затоа што некој има камиони од власта кои треба да работат за тој рудник, и на крајот се работи за пари. Ние ветуваме дека кога ќе ја добиеме поддршката од граѓаните нема да носиме одлуки спротивни на нивните интереси и ќе се залагаме за заштита на нивното здравје, без рудници кои ќе носат пари за поединци, а ќе го загрозат здравјето на сите. Нашата битка е за сите граѓани, за правда и честитост. За Македонија која оди напред, стои во Фејсбук статусот на Мицкоски.

Најнови вести