петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во „Опуштено“:Македонската фудбалска репрезентација направи чудо и треба да сме свесни за тоа

Мицкоски во „Опуштено“:Македонската фудбалска репрезентација направи чудо и треба да сме свесни за тоа

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето госување „Опуштено“ зборуваше за учеството на фудбалската репрезентација на европското првенство и истакна дека тоа е како што е испеано во песната „сонот наш од детство“.

-Па како што е и песната, сон наш од детство, тоа е нашиот сон од детство. Тоа беше нешто што им честитам на сите таму на Столе, дечките кои играа позади, и на Дарко, Виса, десно беше Стефан, лево Џани, среден ред Адеми, Барди, Елмаз, напред Горан. Навистина прекрасна екипа.Направија чудо имајќи предвид ресурсите, имајќи ги предвид со што располагаме ние како држава направија чудо и ние треба да сме свесни за тоа, рече тој.

Мицкоски во текот на своето гостување потенцираше дека Македонија е неговото се во секоја смисла на зборот.

-Македонија е моето се. Сум давал, давам и ќе продолжам да давам се за мојата Македонија, додаде тој.

Најнови вести