сабота, 20. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски во „Опуштено“: Моето омилено место се македонските планини, таму се чувствувам свој на своето

Мицкоски во „Опуштено“: Моето омилено место се македонските планини, таму се чувствувам свој на своето

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Опуштено“ зборуваше за тоа кое е неговото омилено место во Македонија и каде ги полни своите батерии при што истакна дека неговото омилено место се македонските планини и таму се чувствува свој на своето.

-Моето омилено место се македонските планини, таму сум свој на своето. Кога сум надвор од семејството, пријателите и немам професионални обврски, кога сум на планина сум свој на своето, посебно сега во овој период кога беше пролет и она би рекол рана есен, оној период на крајот од септември , почетокот на октомври, но и оној период мај, почетокот на јуни месец македонските планини се преубави, во две различни бои, сега се прекрасно зелени, тогаш се прекрасно жолти. Така што тоа е она што мене ме прави можеби свој на своето, да појдам да подразмислам за активностите и за плановите понатаму и тоа ме инспирира најмногу. Можеби помалку ме привлекува море, песок, плажа и така натаму, рече Мицкоски.

Тој во текот на своето гостување посочи дека на планина сите се другари и речиси секој ден го искачува скопско Водно.

-И на планината сме сите другари и таму кога ќе се сретнеме сме сите другари.Еве откако се повратив од ковидот, откако веќе застанав здраво на нозе сум речиси секој ден на скопско Водно. Пред некоја недела бев и на Скопска Црна Гора. Нема некоја во Македонија позахтевна планина, еве можеби Кораб е позахтевна да се качи, додаде тој.

Најнови вести